четвртак, 23. фебруар 2017.

Butoh performance "Sapphire steps" in Skopje

„Чекорот на Сафирот“ е последната претстав а на годинашниов ПАНФИЗ што ја изведе Буто танчерот Марко Нектан од Панчево, република Србија. Беше тоа убава и неочекувана средба со Буто театарот или со „Танцот на темнината“ како уште се нарекува оваа форма на современиот јапонски танц. Марко Нектан со еден сценски минимализам и редукционизам со силна скоро нестварна концентрација се вовлекуваше во себе. Боси нозе и бричена глава, забавени движења сето тоа отвора нов видик на светот и животот. Притоа, танчерот како со сликарска палета ги обликува состојбите на духот и неговото потонување до мрачните тајни на постоењето. Претставата е исполнета со езотерика, мистичност и метафизичност. Тука, на извонреден начин се менуваат пластиката на ситните движења и поетиката на духовните состојби. Нектан се повлекува и осамува изведувајќи го ритуалот на себеочистување од сите цивилизациски наслаги, претворјаќи се во медиум кој ќе може да го прими во себе цветот кој овде е и единствениот реквизит. Марко Нектан ни приредува едно навистина ретко, несекојднево театарско доживување и средба со Буто танцот како своевиден израз на будизмот или ако повеќе сакате, на античкиот стоицизам. Тодор Кузманов


Нема коментара:

Постави коментар